Софија, град на темни прозорци
И покрај зголемената побарувачка за имот во Софија, зградите во центарот на градот се напуштени. Се повеќе згради во срцето на градот се зафатени со феноменот на “темни прозорци”. Ова се станови кои не се населени, не се продаваат или изнајмуваат.
Цветана Димитрова живее во зграда на аголот на ул. “Дунав” и бул. “Дондуков” во срцето на Софија. Кога се населила во 1958 година, имало 58 лица во 13 станови. Сега има 15 лица и само едно дете, пренесува БТВ.
Брокерите укажуваат на растечката тенденција на ненаселени домови. Наспроти растот на цените на куќи во Софија и на градежништвото, центарот е напуштен.
Резултатите од последните истражувања покажуваат дека постојат празни станови во скоро сите стари згради во центарот. Во голем број згради повеќе од 50-60% од становите се ненаселени, не се продаваат или ништо не се прави со нив.
Таканаречените темни прозорци во Софија сега изнесуваат 24% од становите. Во предградието тие достигнуваат 48%. Процентот е исто така значаен и во Варна – 30 проценти, а во Пловдив – 26 проценти на напуштени живеалишта.
Незаинтересираноста меѓу сопствениците често пати води до неплаќање сметки, трошоци за одржување на фасадата и заедничките простории.
Истражувањата покажува дека инвеститорите најмногу се заинтересирани за становите во центарот на Софија , кои понатаму ги преуредуваат и ги продаваат или изнајмуваат како хотелски простор.