Шокантно видео-што му прави пушењето цигари на срцето
Светската здравствена организација објавила шокантна видео-снимка која прикажува колкава штета му нанесува пушењето цигари на срцевиот мускул.
СЗО ја објавила снимката со цел да ја подигне свеста за дејството на цигарите врз здравјето на човековиот организам и да ги охрабри пушачите да ја откажат штетната навика.
На почетокот од видеото се споменува дека пушењето цигари е најчестиот причинител на срцеви болести. Во следните минути од видеото, срцето започнува да чука сè побрзо, а од крвните садови излегува чад кој укажува на неговото преоптоварување.
Видеото е објавено по повод Светскиот ден за борба против пушењето кој се одбележува секоја година на 31-ви мај, а видеото завршува со пораката “Заштитете го своето срце и одберете здравје, не цигари”.