Благородниот Муслиман мултимилионер кој се откажа од своето богатство, почина од рак
На милионерот од Сиднеј, Али Банат , лекарите му дијагностицирале рак во 2015-тата година. Му прогнозирале дека ќе живее најмногу уште седум месеци, но тој починал по 2, 5 години. Во рок од тие речиси три години, Банат од корен го сменил својот живот. Ги спакувал куферите и заминал во Того (Африка) . Таму сите пари ги инвестирал во изградба на куќи, училиште и светилиште во едно село, кое живее во крајна беда. Создал и добротворен фонд наречен “Сите Муслимани на светот” за помош и поддршка на сиромашните, чиј буџет сега изнесува 1,2 милиони долари.
Али Банат, пред болеста, бил познат по луксузниот и бесен начин на живот, брзи автомобили и фрлање пари на скап накит и гардероба. Пред неколку недели тој почина, но остави аманет да се продолжи хуманитарната работа која тој ја започнал.
Во една емисија, пред една година, тој изјавил: Болеста ми помогна да го видам светот со други очи. Таа беше подарок од бога. Ги продадов сите мои скапи часовници, облеката и автомобилите, сите пари ги раздадов на оние на кои им се потребни. Решив крајот на животот да го проживеам без ништо, и сега можам среќен да умрам.