Раст на бројот на заразени и починати од коронавирусот: Само во еден ден забележани 14,840 нови заразени и 242 починати

loading...

Бројот на смртни случаеви како последица од коронавирусот во кинеската провинција Хубеи за само еден ден се зголеми на 242 лица, но исто така нагло порасна и бројот на заразени – за 14,840.

Ова го соопштија кинеските власти кои исто така открија дека веќе започнале со користење новите методи за дијагностицирање на смртоносната болест.

Станува збор за рекорден број на забележани смртни случаи и заразени во еден ден, пренесува британската новинска агенција „Ројтерс“, додавајќи дека вкупниот број на лица кои што починале како последица од коронавирусот во Кина е зголемен на 1,310, а бројот на заразени на 48,206.

Здравствените работници за тамошните медиуми соопштија дека во таа провинција, инаку најголемо жариште на коронавирусот, од денес во биланост ги вклучуваат и луѓето на кои болеста им е дијагностицирана со новите методи.

Провинциската здравствена комисија од минатата седмица најави дека ќе започне да ги признава резултатите од компјутерската томографија, радиолошки метод за снимање на пациент како потврда за инфекцијата, што им овозможува на болниците побрзо да ги изолираат пациентите.

Провинцијата Хубеи претходно ги признаваше резултатите од тестот со рибонуклеинска киселина кои го покажуваат вирусот, но е потребно извесно време за да се добијат резултатите.

Користењето на скенерите може брзо да ја открие инфекцијата на белите дробови, па пациентите ќе можат да го започнат лекувањето на време. Со тоа исто така се зголемува и можноста пациентите да бидат побрзо излекувани.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Translate »