Ви се јаде навечер? Овие намирници можете да ги јадете и ноќе
Дали некогаш сте биле гладни доцна во ноќта додека гледате филм или се обидувате да заспиете? Бидете сигурни дека дека не сте единствените.
Можеби многу нутриционисти ќе ви кажат дека ова е лошо, но имаме добри вести за вас. Според последните истражувања, има храна што можете безбедно да ја консумирате доцна во ноќта.
Ова се намирниците кои можете да ги јадете без грижа на совест:
Банани
Тие се многу калорично, но исто така многу корисно овошје кое содржи голем број хранливи материи. Бананите содржат калиум и магнезиум, што може да помогне при несоница. Тие го стимулираат производството на мелатонин. Затоа, ако сте гладни подоцна во вечерните часови, јадете банана.
Крекери
Можеби ви изгледа чудно, но во овој случај се работи за еден до два крекера, по можност оние од цело зрно и со намалени масти.
Сирење
Содржи многу растителни влакна кои ќе ве одржат сити до следниот ден. Препорачуваме да изберете нискомаслено, за да не ви пречи во спиењето. Можете да го комбинирате со крекери ако не сакате да јадете сирење без ништо друго.
Урда
Можете сосема малку да каснете, без да претерувате, за да не си направите проблем со лактозата и казеинот.
Хумус
Домашниот хумус можете да го јадете со зеленчук или крекери или пак, да го јадете само него. Како и за сите други, така и во овој случај не треба да претерате со количината.
Зеленчук
Најголемиот број зеленчуци се нискокалорични и нема да направат штета доколку ги јадете ноќе. Обидете се да избегнувате спанаќ и други листести зеленчуци, бидејќи тие потешко се варат.
Јајца
Вареното јајце ќе ја задоволи вашата потреба од протеини и калории во текот на вечерта, а сепак нема да го отежне варењето.
Јогурт
Јогуртот е исто така богат со корисни бактерии и протеини. Можете да го јадете со неколку зрна јатки или со овес.