Најпознатиот магионичар во светот мораше да го окрие трикот пред судот
Најпознатиот магионичар на светот Дејвид Коперфилд морал да открие како го изведува својот познат трик “Lucky #13”, откако еден од посетителите на неговото шоу во Лас Вегас бил повреден во текот на изведувањето на овој трик.
Британецот Гавин Кокс (58) бил еден од посетителите кои биле одбрани за изведување на трикот, но тој паднал поради што завршил со исчашено рамо, а тврди дека поради тоа претрпел и хронична болка како и повреда на мозокот.
Коперфилд, за трикот бира 13 членови на публиката кои потоа исчезнуваат од сцената, по што сите 13 се појавуваат во задниот дел од двораната, зад публиката.
Иако адвокатите на Коперфилд пробале да го уверат судот дека откривањето на трикот би можело финансиски да го загрози магионичарот, но судот во Лас Вегас сепак барал тој да ја открие тајната.
Откако ќе се спуштат завесите, асистентите на Коперфилд ги носат 13-те посетители низ таен премин кој проаѓа околу MGM ресортот во Лас Вегас каде магионичарот ја изведува својата точка. Тие ја напуштаат зградата и повторно се појавуваат во задниот дел од двораната.
Британецот паднал додека го воделе низ тајниот премин и веднаш бил одведен во болница. Светските медиуми тврдат дека трошоците за неговото лекување изнесувале повеќе од 400 илјади долари.
На прашањето од адвокатот на Кокс дали е виновен за повредата на неговиот клиент, Коперфилд одговорил:
“Зависи од што точно се случило. Да сум направел нешто погрешно, тогаш би бил виновен”, објаснил тој./supermen.tocka.com.mk