Ципрас ќе профитира од договорот со Македонија

Грчкиот весник Екатимерини во коментарот насловен :”Ефектот на Македонија! Грција се надева на олеснување на долгот”, му признава на Ципрас дека со потпишување на договорот за името ги зголемил шансите кај странските кредитори да ги подобрат условите за враќање на долгот и да ја поштедат Грција од финасиското понижување во кое сега е доведена.

Европските функционери укажуваат дека Атина  со покажување на добра воља во решавање на спорот за името си обезбеди одлична позиција пред состанокот на министрите за финансии од еврозоната во четврток.

Оваа ќе значи можно олеснување на долговите на Грција, кои се во постојан пораст од 2010 , кога ЕУ/ММФ ja спасија земјата од банкрот, се вели во текстот.

И самиот Ципрас пред неколку дена изјави :

“Се чувствувам како играч на шах кој симултано игра две игри , во исто време преговараме за името и водиме преговори за олеснување на долгот. Се надевам дека по клучниот напредок  во врска со договорот за името, не чека уште еден  успех , наредната недела на состанокот на минситрите на еврозоната,кој ќе биде клучен за нашата земја по 8 тешки години”.

Анонимен извор од Брисел за Катимерини изјави дека Атина со потпишување на договорот се промовираше како земја која сака да ги решава проблемите, а не да ги создава како што досега беше случај.

Сепак во ЕУ постои извесна претпазливост  во смисла на искрената желба на Грција да го  финишира целиот процес за името.

Пратеникот на партијата Независни Грци, Димитрис Каменос, кој беше исфрлен од партијата откако гласаше за недоверба за владата на Ципрас, за Скај Њуз изјави дека САД и ЕУ уште од самиот почеток го наметнале реципроцитетот: Ако го договорите името ќе ви го олесниме  враќањето на долгот. Ваквото тврдење е отфрлено од страна на партијата Анел.

 

 

Translate »