И вечерва протести за името пред Собранието

loading...

Граѓани и вечерва се собираат пред зградата на Собранието на Република Македонија за да изразат несогласување со потпишаниот договор за менување на името на државата.

Протестот почна во 20:00 часот со блокада на булеварот „11 Октомври“, а во исто време припадниците на полицијата се распоредија пред зградата на Парламентот.

Учесниците на протестот го извикуваат името на претседателот на државата, „Македонија“, „Едно име имаме“, и „Предавници“.

Во вчерашните протести, полицијата употреби солзавец и неколку шок бомби за да ги растера демонстрантите.

 

Translate »