Татковината ги препознава луѓето

Врсниците со независноста на државата имаат изгледна шанса по десетина години да кажат дека Македонија ја оправда независноста. Само до пред три години тоа никој не можеше да го каже, а да не лаже.

Децата кои се врсници со независноста на државата денес, осми септември 2020, наполнија 29 години. Од утре ја трошат последната година од третата деценија. Тие генерации и тие по нив, имаат изгледна шанса по десетина години да кажат дека Македонија ја оправда независноста. Само до пред три години тоа никој не можеше да го каже, а да не лаже.

Прославите за Денот на независноста сиве овие години беа политички паради без покритие. За првпат, иако со заштитни маски на лицето од корона вирусот, татковината веќе ги препознава луѓето кои го извлекоа од слепиот колосек возот без возен ред. Додуша, не сме на брзата пруга, патуваме бавно со „данскиот кралевски“ пампур, кој стои на секоја станица бидејќи има рампи и долготрајни маневри, ама сепак почнавме да се движиме во правилна насока. На Запад.

Диверзии кон сопствената држава

Ни требаа безмалку цели 30 години да откриеме дека не може да се стигне до целта ако не се плати билетот. Да, можеби е прескап, ама ниедна цена не е повисока од таа да се стои во место на балканската калдрма.

Македонија годинава ја почнува последната етапа од европската тура. Најтешката. Но овојпат зависи само од нас дали ќе бидеме исфрлени повторно на некој спореден колосек, за да не го кочиме сообраќајот, или ќе патуваме побрзо кон Брисел, нашата крајна цел. За тоа има само еден, единствен клучен предуслов без кој не е можно да се решат домашните задачи. А, тоа е како што таковината ги препозна луѓето што влечат напред, да ги препознае и луѓето што влечат назад. Тие се тука. Не се кријат. Ги поставуваат своите барикади и рампи на секој чекор и со тоа се гордеат прикажувајќи го диверзиите кон сопствената држава и граѓани како херојски чин. Нивното препознавање ќе ги спречи сите блокади.

Целата колумна на Ерол Ризаов за Дојче веле на следниот ЛИНК.

Translate »