Бин Ладен испраќал тајни пораки на неверојатен начин: Документарец открива нови шокантни детали за познатиот терорист

Речиси 10 години по ликвидацијата на некогашниот најбаран светски терорист, американскиот документарец „Сокриениот хард-диск на Бин Ладен“, кој ќе биде прикажан на 10-ти септември, открива дека Осама Бин Ладен користел порнографски содржини за испраќање на кодирани пораки и упатства за следбениците.

На тоа укажува огромната колекција на порнографски содржини кои американските трупи ги пронашле во пештера, недалеку од местото каде што е ликвидиран терористот во 2011-та година.

Документарецот тврди дека Бин Ладен ја споделил последната скривница со уште најмалку 22 лица, од кои барем еден направил колекција од 470.000 фајлови порнографски содржини.https://platform.twitter.com/embed/index.html?dnt=false&embedId=twitter-widget-0&frame=false&hideCard=false&hideThread=false&id=1303337043607523330&lang=en&origin=https%3A%2F%2Ftocka.com.mk%2Fvesti%2F352994%2Fbin-laden-isprakal-tajni-poraki-na-neverojaten-nacin-dokumentarec-otkriva-novi-sokantni-detali-za-poznatiot-terorist&theme=light&widgetsVersion=219d021%3A1598982042171&width=550px

Бидејќи Бин Ладен немал доверба во испраќање електронска пошта, ниту пораки преку курир, се верува дека пораките биле сокриени во порнографските филмови.

Неколку денови пред одбележувањето на 11-ти септември, денот кога во 2001-ва година терористите го нападнале Њујорк и Вашингтон, внуката на Бин Ладен го поддржала Доналд Трамп за претседател на САД, и покрај верувањата дека тој го наредил убиството на нејзиниот вујко, синот на Осама, Хамзе Бин Ладен, минатата година на границата помеѓу Пакистан и Авганистан.

Translate »