Фридман: Преспанскиот договор ги засили апетитите на Бугарија

Негирањето на македонскиот јазик и македонските дијалекти од страна на Бугарската академија на науките е дел од политиката на негирањето на македонското малцинство во Бугарија, изјави американскиот лингвист Виктор Фридман.

Заклучокот на БАН дека македонскиот јазик на постои, односно е дијалект на бугарскиот јазик е враќање во времето на фашизмот, смета професорот Фридман, долгогодишен шеф на Катедрата за јужнословенски јазици на Универзитетот во Чикаго кој повеќе од 30 години се заминава со лингивистиката на Балканот.

– Бугарите, освен крактрајното признавање од 1946 до 1948 година, никогаш навистина не го признале македонскиот јазик и сметам дека сегашниот однос на нивната академија по ова прашање е враќање во 1930-ти и рани 1940-ти години, значи времето на фашизмот, кога велеа дека нема македонски јазик, однос тој бил бугарски, изјави Фридман за Гласот на Америка.

Според него, иако на почетокот на 1990-те со признавањето на независноста на Република Македонија, Бугарија го признала официјалниот јазик на Република Македонја (а не македонскиот јазик) , политиката на некои научни и политички кругови во земјата се уште е поврзана со фашистичкиот период.

-Сега ова е многу тешко да се промени бидејќи се веќе влезени во Европската Унија, смета Фридман.

Според него, Преспанскиот договор ги засили апетитите на Бугарија.

– Да немаше Преспански договор, Бугарите ќе седеа малку потивко, затоа што Македонија ќе немаше шанси да стане дел од Европа заради Грција, изјави Фридан.

Според него, Македонија е самостојна земја со самостоен јазик уште од 19 век, кога основоположникот Ѓорѓи Пулевски ги издвои македонските дијалекти од основната јазична база како поразлични од бугарските дијалектите од тој регион.

-Значи иако тие јазици се многу блиски, сепак, се различни. Негирањето на македонскиот јазик и на македонските дијалкети е дел од политиката на негирањето на македонскиото малцинство во Бугарија, изјави Фридман.

Професорот Фридман е член на неколку неколку академии на Балканот, а Бугарија ја признала неговата експертиза наградувајќи го со јубилејниот медал „1300 години Бугарија“.

Translate »