Пендаровски: Да одговора секој функционер кој станал милионер од државна плата

„Во редица судски процеси не видовме завршница, дел од најголемите правни случаи застареа, а креаторот на режимот избега и од правдата и од државата.

Притоа ниту една институција не кажа јавно како тоа воопшто беше возможно. Врв на лошите состојби во правосудниот систем беше аферата ‘Рекет’ во која меѓу обвинетите за тешки дела се најде и првата личност на институцијата која беше формирана да ги гони криминалците.

Порачувам веднаш по изборите да се спроведе прочистување и кај судиите и кај обвинителите, но и кај политичарите. За секого што нема логично образложение како со државна плата станал милионер треба веднаш да следи не само оставка туку кривична постапка“, порача Претседателот Стево Пендаровски на годишното обраќање пред пратениците.

Translate »