ВУЛИН ЗА РАМА: МИ СЕ ГАДИ ОД ЧОВЕК ШТО ПРАВИ „ГОЛЕМА АЛБАНИЈА“, А ЗБОРУВА ЗА МИР

„Премиерот на земјата каде што се наоѓа жолтата куќа, место каде што беа вадени органи на Срби и продавани, треба да биде многу повнимателен и да избира зборови кога зборува за злосторства“, рече српскиот министер за одбрана Александар Вулин, одговарајќи на денешната изјава на Еди Рама, кој рече дека одговорните за злосторствата во Косово се наоѓаат во Белград.

Рама, исто така, рече дека е згрозен од изјавата на Вулин дека работи на создавање на „голема Албанија“, која само обединети Србите може да ја запрат.

„Мислев дека Еди Рама ќе ја отвори устата денес за да го осуди обидот за убиство на српски деца во училиште во Доња Брњица. Наместо тоа, тој ги фали и ги брани убијците и терористите од таканаречената УЧК“, рече Вулин во ергелата „Караѓорѓево“ каде денес се одржува настанот „Куп на српската армија“.

„Премиерот на земја што ги поддржува убијците од т.н. УЧК ќе мора да клекне на колена и да им се извини на убиените српски деца пред да побара од некого да се извини за што било. Не знам зошто го напаѓаат Еди Рама во Албанија, но знам дека во Србија, никој нема да го нападне ако ги осуди терористите од таканаречената УЧК за убиството и силувањето на дванаесетгодишното девојче во селото Клечка, од страна на браќата Мазрек, убиец од редовите на т.н. УЧК. Не знам зошто го напаѓаат во Албанија, но знам дека никој во Србија нема да го осуди ако конечно каже дека е против Шиптарите да се обединат во „Голема Албанија“ и да распаднат уште три или четири земји на Балканот за да создадат свои. Нека го каже тоа и ќе ја има цела поддршка во Србија“, рече Вулин, објави Министерството за одбрана на Србија.

Тој додаде дека не знае зошто го напаѓаат Еди Рама во Албанија, но оти знае дека никој во Србија нема да го нападне ако тој навистина сака мир.

„Дотогаш, ми се гади од човекот што прави „Голема Албанија“, а зборува за мир“, рече министерот Вулин.

Translate »