Естрадните уметници ќе добијат помош од 14.500 денари за два месеци
Владата на седница донесе уредба со законска сила за финансиска поддршка на естрадните уметници за време на вонредна состојба, за уредување на условите, начинот и постапката за доделување финансиска поддршка на естрадните уметници погодени од здравствено-економската криза предизвикана од коронавирусот Ковид-19, за месеците април и мај 2020 година.
Предмет на финансиска поддршка е исплата на финансиски средства за месеците април и мај 2020 година, во месечен нето-износ од 14.500 денари, а за исполнување на критериумите за користење на оваа финансиската поддршка ќе одлучува посебна комисија во која ќе членуваат истакнати естрадни уметници.