Прекрасната јорданска кралица се појавила во кожно издание и ги оставила присутните без здив

Јорданската кралица Ранија дефинитивно е најубавата кралица на светот, а многумина ја сметаат и за најубава помеѓу сите жени со благородна титула.

Кога станува збор за стилот и убавината, таа веќе со години е опасна конкуренција на Кејт Мидлтон и принцезата Шарлин од Монако, иако е постара и од двете принцези. 

Кралицата со својот сопруг, јорданскиот крал Абдула Втори, пристигнала во посета на францускиот претседател Емануел Макрон и заблескала во кожна комбинација и секси црни салонки.

Ранија има 48 години, но изгледа многу помладо. Откако стана јорданска принцеза, сите светски медиуми пишуваа за нејзината убавина, но и интелектот кој го поседува и нејзината борба за женските права на Блискиот исток.

Translate »