ЕВРОПРАТЕНИЧКА ОД СЛОВЕНИЈА, ИРЕНА ЈОВЕВА ЦЕЛ НА НАВРЕДИ ОД ПОДДРЖУВАЧИ НА ЈАНША ПОРАДИ НЕЈЗИНОТО МАКЕДОНСКО ПОТЕКЛО

Словенечката европратеничка Ирена Јовева неодамна стана мета на навреди на социјалните мрежи и на веб-порталите поврзани со владејачката партија во Словенија, СДС на Јанез Јанша, поради нејзиното македонско потекло, соопшти нејзината партија Листата на Марјан Шарец (ЛМШ).

Како што објави словенечната државна агенција СТА, а пренесоа другите словенечки медиуми, За навредите Јовева обелодени на нејзиниот Фејсбук профил минатиот четврток, истакнувајќи дека не и пречат личнните навреди, колку што е загрижена за нивото на кое се наоѓа словенечката политика.https://www.facebook.com/plugins/post.php?href=https%3A%2F%2Fwww.facebook.com%2Fijoveva%2Fposts%2F621288628773724&width=500

Нејзината партија ЛМШ соопшти дека Јовева на социјалните мрежи била цел на системски навреди и вознемирување од страна на некои партиски медиуми и поединци поврзани со СДС. Од партијата го посочуваат текстот објавен на порталот Нова 24ТВ во неделата, кој се фокусира на потеклото на Јовева.

Translate »