ТЕШКА СООБРАЌАЈКА НА ПАРТИЗАНСКА, ИМА И ПОВРЕДЕНИ
Тешка сообраќајна незгода се случила пред 15 минути на булеварот Партизански одреди во близина на градската болница „8 септември пренесува Скопје инфо. Очевидци на настанот сведочат за тешка сообраќајна незгода во која се искршени неколку возила, а има и повредени.

На фотографиите се гледа дека три возила се учесници во сообраќајна незгода, а едното од нив се забило во метален столб.
Полицијата е на местото на настанот и врши увид за причините за несреќата.

