Публицис Македонија одбележа 25 години постоење со промоција на „Авантурите на До“ детска книга која ја слави различноста, еднаквоста и инклузијата

Авантурите на До“ е најновата детска книга со која се збогатува македонската културна ризница, а која вчера беше промовирана во Концепт 37.

Идејата за оваа книга доаѓа од маркетинг-агенцијата Публицис Македонија, која минатата година прослави 25 години од своето постоење. Автор на приказната е Билјана Црвенковска, а илустрациите се на Иван Петрушевски, кој е дел од креативниот тим на Публицис Македонија. Оваа иницијатива е дел од глобалната мисија на Публицис групацијата која под своето мото “Viva la Difference” се залага сите во светот да имаат еднакви можности без дискриминација по која било основа, вклучувајќи пол, раса, социјален статус, сексуална ориентација, националност или религија.

Промотор на книгата беше актерот Сашко Коцев, кој во таа пригода кажа: Добиваме една интересна и забавна книга која нè учи колку сите сме различни и дека дружењето со различни деца е вистинско богатство со кое се стекнуваме од најрана возраст. Дека правилната едукација во раното детство е од голема важност за поставување на темелите за концептот на еднаквост и прифаќање на различностите. Односот кон книгата треба да се гради од најмала возраст, а со читање стануваме подобри луѓе, добиваме ширина во карактерот.

Според Александра Дилевска-Симова, генерален менаџер на Публицис Македонија и Хрватска, книгата „Авантурите на До“ e детска книга која ги слави различноста, еднаквоста и инклузијата, и која ќе им помогне на децата да разберат и да научат дека различностите се убави, и дека сите сме еднакви, исто вредни и важни.

За Публицис, славењето на различностите значи поттикнување убава енергија, иновативност и прогресивност во секое поле на дејствување. Истовремено спротивставување кон растечката нетолеранција по различни основи и борба против дискриминацијата и предрасудите во општеството, со цел создавање поотворен и инклузивен свет.

„Авантурите на До“ е книга за несовршеното дете До и неговите авантури, која преку различни приказни раскажува како тоа се соочува со различностите и како го создава својот свет на пријатели.

Издавач е Бегемот. „Авантурите на До“ веќе е преведена на неколку јазици и дистрибуирана во канцелариите на Публицис во Адриатик регионот, Полска, и Грција, а наменета е првично за вработените и нивните деца, за клиентите, соработниците и пријателите на Публицис и нивните деца. Во тек е превод и дистрибуција на книгата на неколку други европски јазици.

Translate »