Истражување: Која е причината за лакомоста!
Германски научници од Институтот за истражување на метаболизмот “Макс Планк” ја објаснија причината за лакомоста.Резултатите од истражувањето се објавени на порталот EurekAlert и покажуваат дека колку ни е поубаво, толку помалку заситени се чувствуваме. Експертите спроведоа експеримент, за време на кој 12 доброволци биле поделени во две групи.
Едните добиле сладок млечен шејк, а другите – темна смеса, по што сите учесници беа подложени на магнетна резонанца и позитрона емисиона томографија.
Експертите забележаа дека првата група пиела со задоволство, но не чувствувала ситост, а втората група се ограничила на две чаши. Според научниците ослободувањето на допамин (хормон кој предизвикува чувство на ситост) се појавува двапати – при џвакање и при паѓање на храната во желудникот.
Истражувачите заклучиле дека за учесниците кои пиеле сладок коктел, првото ослободување на елементот го депримира следното, што доведувадо зголемување на интервалот помеѓу двете фази – и тоа од своја страна го притопило чувството на ситост. Експертите велат дека паузата во ослободувањето на хормоните може да предизвика прејадување и дебелина.
Научниците советуваат да ги ограничите деловите на вкусна, но не многу хранлива храна.