Грците во паника: Астон Мартин доаѓа во Македонија

Со потпишување на Преспанскиот договор и влегувањето во НАТО се отвораат вратите и за инвеститорите, кои во оваа балканска земја гледаат плодна почва за својот бизнис, евтина работна рака, но и добра географско-стратешка местоположба, пишува грчкиот весник Прототема.

“Скопје, од времето на Југославија, има долга историја на ангажман во автомобилската индустрија, а информациите во последниве две години укажуваат дека оваа земја може да биде избор за градење на нова Астон Мартин фабрика”, пренесува весникот

-Можеби “Астон Мартин” нема да избере таму да гради фабрика за производство на луксузниот спортски DBX кросовер, но нашиот сосед е исклучително активен во производство на резервни и дополнителна автомобилска опрема. Скопје, уште во времето на “Застава “во 60 -тите години, изработуваше делови за автоиндустријата , се до 1990 година. Денес, најмалку 50 компании имаат производство на автомобилски делови ( безбедносни ремени, преносни механизми, акумулатори, делови за автобуси и камиони.

Во последно време имаа инвестиции на познати мулти-национални компании : Аптив (производство на електронски системи), Адиент (седишта), Леар ( авто-електрика ), КСС (воздушни јастучиња) и др. ,- се вели во статијата на Прототема.

Според весникот, адутите на Скопје за привлекување големи светски авто-компании лежат во евтината и квалификувана работна сила ( 400 евра/месечно), како и волјата на властите да овозможат даночни и царински олеснувања.

“Во соседната земја засега нема производство на автомобили, но во иднина тоа не е исклучено, особено ако се земе предвид дека белгискиот Ван Хоол произведува автобуси, а во тек е и проширување на фабриката “, пренесува грчкиот печат.



Translate »