Владиката Петар бил запрен на аеродром од финансиската полиција

Владиката преспанско-пелагонсиски Петар е задржан на скопскиот аеродром во моментот кога требало да патува за Австралија по барање на финансиска полиција.Тој ја потврдуваа оваа информација не споделувајќи детали зошто службите презеле ваков чекор.

„Точно е тоа, имаше некое недоразбирање. Јас го повикав мојот адвокат и тоа се расчисти. Продолжувам со патувањето“, вели владиката Петар за „Макфакс“.

Владиката нè упати повеќе информации за неговото приведување на аеродромот во Скопје да побараме од неговиот адвокат.

 

 

Translate »