Руската шпионка: Путин прво нека удри по британските воени бродови!
Поранешната руска шпионка Ана Чепмен (36) ја повика Москва да ги потоне двата британски носачи на авиони, вредни шест милијарди фунти доколку конфиктот во Сирија избувне во Трета светска војна. Црвенокосата Чепмен вели дека кралицата Елизабета и принцот од Велс треба да бидат меѓу првите мети на Путин.
Агентката Чепмен , пред 8 години, беше пуштена во големата размена на шпиони меѓу САД, Велика Британија и Русија, заедно со Сергеј Скрипал.
“Доколку избувне војна меѓу Русија и САД во Сирија, нашите напади не треба да бидат насочени само кон американските бродови и авиони. Британците неодамна таму упатија два воени брода- носачи на авиони. Мислам дека ако им се случи нешто непријатно, како што е тонење на нивните бродови дното на морето, британската “аристократија” многу брзо ќе се освести”, вели Ана Чепмен.
Таа стана милионерка како сопственичка на модни бутици и ТВ презентерка откако беше протерана од САД.
Нејзиниот татко беше висок службеник на КГБ.