Зошто треба да користите професионални фарби за коса?

Разговор со Марија Петрова Лазарова од салон за убавина F.S Glamur Luk од Гевгелија

Колку правилната нега на косата влијае на женската самодоверба, и колку во тоа влијае изборот на фризерот и козметичките производи?

Фризер е нешто како забар. Тешко го менуваш, а уште потешко стекнуваш доверба! Односот на доверба е процес кој трае, и кој кога ќе се воспостави тогаш веќе имаме однос на взаемна доверба и разбирање. Важно е и клиентите да се почитуваат, да се разбираат нивните потреби, моментално расположение. Но истовремено важное да имате искуство во професијата и пред се да работите со квалитетни козметички производи, чиј ефект е очигледен. Ако правилно не се негува косата таа не изгледа добро. Затоа барем еднаш месечно треба да се посетува фризер кој ќе даде професионален совет. Искуството на фризерите е непроценливо. А тоа се одразува на самодовербата на жената.

Наша стара изрека вели вака: Во главата и во нозете ако не си среден, што и да облечеш џабе ти е!

Со кои козметички препарати најчесто работите?

Со професионална козметика „ИМЕЛ“ која нуди палета на производи за нега на коса, фарби, шампони, балсами за коса. Во моето повеќегодишно искусутво за првпат се пронаоѓам во линија за коса што може да ги задоволи моите потреби, како и на моите клиенти, кои се презадоволни од резултатот.

Дали оваа сезона постои некој тренд кој е актуелен?

Зимата е тмурна и некако не прави малку депресивни, така што можеби е одлично време во годината за промена, и за внесување свежина во изгледот. Шишки, боб фризурата до рамења, нијансирање, пожива боја…но секако се зависи од индивидуата од нејзиниот облик на главата, од нејзиниот карактер, желбата да експериментира.

Колку време посветувате на вашата доедукација, и колку е таа важна?

Во денешно време да бидеш фризер не е лесна работа. Чуда се прават со косата.Токму затоа секое слободно време го користам за доедукација, пред се благодарејќи на интернетот и достапноста на многу едукативни едиториали од светот.

Марија Петрова Лазарова

Translate »