Кетрин Зета Џонс ќе снима филм за “Ла Мадрина”

49-годишната Кетрин Зета Џонс  во Кан позираше на фото-сесија за промоција на нејзиниот нов  филм посветен на животот на Гризелда Бланко, прочуената нарко-шефица од Мајами.Се очекува филмот да се појави во кината  на почетокот на наредната година.

Гризелда Бланко “Ла Мадрина”

Колумбијката Гризелда Бланко, позната како “Кума на кокаинот” или ” Ла мадрина “, била една од првите нарко босови во Мајами. Се верува дека токму таа го трасирала патот на дрогата од Колумбија кон Мајами и дека  била одговорна за над 200 убиства . Во 1985-та година  била уапсена од американскиот оддел за дрога и криминал, но набрзо била пуштена на слобода поради скандал со сведоците. САД ја депортирале во Колумбија, каде била убиена во 2012 година.

 

 

Translate »