Фатен педофил кој ловел жртви на интернет

Метју Фалдер своите жртви, девојчиња и момчиња,  ги наоѓал преку интернет на страницата “Gumtree”.  28 годишниот научник , инаку талентиран геофизичар  докторант на Кембриџ, користел лажни профили и ги убедувал децата да му праќаат слики на кои биле голи, а потоа ги уценувал со секс за да не ги објави.

Некои од оние што паднале во негови раце  преживеале такви бруталности и трауми што се обиделе да се самоубијат.

Фалдер бил фатен од одделот за сајбер криминал на британската полиција.

Во текот на истрагата признал дека извршил сексуален деликт врз повеќе од 50 деца, но и возрасни, со кои контактирал преку  интернет

Фелдман, доктор на науки обвинет за педофилија
Translate »