Жителите на Пехчево собраа 380 килограми пластични капачиња во акцијата на Пакомак

Помеѓу сите приказни кои ги слушаме деновите, наоѓаме и онакви кои ни покажуваат колку многу можеме да направиме ако само работиме со заеднички сили. Во градот Пехчево, по иницијатива на Здружението за жени на овој град. беа собрани 76.000 пластични капачиња како продолжение на акцијата „Едно капаче, една надеж“ на Пакомак.

Во акцијата „Едно капаче, една надеж“ на Пакомак, жителите на Општина Пехчево заедно со градското Здружение на жени успеаја да соберат околу 380 килограми капачиња.

Целта на оваа акција беше да се соберат што повеќе пластични капачиња, кои наместо во отпадите и депониите ќе бидат спроведени во рециклажната мрежа на Пакомак. Во акцијата учествуваа жителите на Општина Пехчево, младите луѓе од градот, вработени во фирми и сите оние на кои им е важно да ја одржат животната средина чиста.

Жителите на Пехчево минатата година собраа 32 вреќи со капачиња, со вкупна тежина од 380 килограми. Ако се земе предвид дека Пехчево е еден од градовите со најмалку жители во нашата земја, тогаш крајниот резултат од околу 75.000 собрани капачиња е навистина импресивен. Оваа количина на капачиња беше доволна за да се наполни една цела тракторска приколка!

Пакомак уште пред неколку години ја препозна желбата и напорот на локалните жители да придонесат кон почиста животна средина и  ги мотивира, обезбедувајќи донација за помош на граѓани од Пехчево, преку Здружението на жени кое го води пензионираната докторка Нада Симовска. Од Здружението порачуваат дека продолжува нивната заложба за почиста околина и воспоставување на добри еко-навики, како и ширење на  солидарноста за ранливите граѓани од Пехчево.

Translate »