Корона: Зошто Германците немаат полза од намалувањето на ДДВ?
Потрошувачите во Германија не профитираат од намалувањето на данокот на додадена вредност- една од мерките на влада против последиците од корона-кризата. Производителите оваа разлика едноставно ја задржуваат за себе.
Германските граѓани немаат корист од намалувањето на данокот на додадена вредност (ДДВ), бидејќи многу производители оваа разлика не ја пренесуваат на крај до купувачите.
До ова поразително сознание дојде германската Канцеларија за заштита на потрошувачите.
Директорот на оваа канцеларија, Клаус Милер, во разговор за весникот Ханделсблат објаснува зошто е тоа така. „Едноставно затоа што на тоа не се присилени.
Владата привремено го намали на данокот на додадена вредност за да ја растоварат економијата, но ова намалување производителите главно го задржуваат за себе и не го пренесуваат натаму до крајните муштерии“, вели Милер.
Со тоа изостанува и посакуваниот ефект, а тоа е зголемување на потрошувачката.
„Добра намера“
Милер смета дека намалувањето на данокот на додадена вредност „останало во доменот на добра намера“. „Би било подобро да се намалат цените на енергенсите или да е зголемен детскиот додаток“, заклучува директорот на Канцеларијата за заштита на потрошувачите.
- ЖРТВИТЕ НА КОРОНАВИРУСОТ НА ПАЗАРОТ НА ТРУДЦиркусот остана, уметниците ги немаЛегендарниот „Cirque du Soleil “ поднесе барање за течајна постапка по тримесечен прекин на работата поради пандемијата на коронавирусот. Славниот циркус најави отпуштање на 3.480 од вкупно 5.000 вработени. „Cirque du Soleil“, со седиште во канадски Монтреал, овој потег го образложи со „огромното нарушување и присилно затворање на шоуто како последица на пандемијата на Ковид-19“.
Министерот за финансии, Олаф Шолц, неодамна ја пофали оваа намера на владата. „Ние добиваме информации дека намалувањето на ДДВ влијае врз зголемувањето на потрошувачката и го поттикнува економскиот раст“, изјави Шолц.
Од јуни во Германија на сила се нови стапки на данокот на додадена вредност кои се намалени од 19 на 16, односно од 7 на 5 отсто.