Шчербик: Македонија не ни обезбеди докази за делувањето на нашиот дипломат
Македонската страна не сакаше да ни обезбеди докази за тврдењата за делувањето на нашиот дипломат, изјави на денешната прес конференција рускиот амбасадор во Македонија Олег Шчербик, на која подетално зборуваше за улогата на Велика британија во потпалувањето на антируската кампања низ светот.
Тој кажа дека Русија ги отфрла сите обвинувања за случајот „Скрипал“, труење на татко и ќерка руски државјани во британскиот град Солзбери.
-За жал, британските власти наспроти сите акти на меѓународото право ги одбиваат сите повици за истрага и поведуваат голема меѓународна кампања против нас и неосновано протерува руски дипломати од повеќе земји од светот и најавува санкции, речерускиот мабасадор.
Пред почетокот на прес конференцијата, на барање на амбасадорот Шчербик, со минута молк им беше одадена почит на жртвите од трагедијата во сибирскиот град Кемерово, каде во пожар во еден трговски центар загинаа 64 лица, од кои 31 беа деца.
Македонското МНР во понеделникот објави дека протерува еден руски дипломат во консултации со ЕУ и НАТО, а во солидарност со Велика Британија поради случајот Скрипал. Шефот на дипломатијата Никола Димитров еден ден подоцна рече дека протерувањето е и поради заштита на сопствените безбедносни интереси на земјава, односно дипломатот излегол од рамките на својот мандат и се обидел да се здобие со класифицирани информации важни за безбедноста на Македонија.
Претседателот Ѓорге Иванов излезе со став дека одлуката за протерување на дипломатот е избрзана, додека премиерот Зоран Заев оцени дека овој случај не би требало да ги влоши односите со Москва.