Три града од Македонија се меѓу 10-те најзагадени во Европа
Со доаѓањето на зимата земјите од Западен Балкан се гушат во смог од издувните гасови на старите автомобили и илјадниците оџаци, пишува АФП.
Како што наведува агенцијата, единствени што задоволно тријат раце се продавачите на прочистувачи на воздух.
Според Светската здравствена организација СЗО, на списокот од 10 најзагадени градови во Европа, пет се на Балканот, од кои три во Македонија, Скопје, Битола и Tетово, Црна Гора Пљевље и Босна и Херцеговина, Тузла.
СЗО предупредува дека со тоа се нанесува штета на стопанствто и на луѓето. СПоред нивните истражувања од 2016 година, се проценува дека во 2010 година загадениот воздух бил причина за смрт на 37.000 луѓе на Балканот, кој брои 23 милиони жители, а во однос на бројот на жители, е шет пати повеќе отколку во франција.. Од тогаш не се преземени никакви мерки. пренесе „Аваз“.
Проблемот со загадениот воздух ги мачи и жителите на главниот македонски град.
„Почистувачите на воздух се продаваат како да се делат слатки. Луѓето ги празнат своите џебови за барем дома да можат да вдишат чист воздух“, вели продавач од Скопје.
Учителката Весна Делевска тврди дека во Скопје состојбата е „неиздржива“. Според неа, никогаш немало толку мнгоу болни деца кои постојано кашлаат.
Македонскиот министер за здравтство објави дека на хроничните болни ќе им подели 43.000 заштитни маски.
Меѓу загадените е и Сараево во БиХ, град кој во текот на зимата потполно е скриен од густ смог од кој единствено извира телевизискиот репетитор на ридот Хум. Секој ден низ Сараево сообраќаат 180.000 возила кои се стари во просек 18 години. За загадувањето придонесува и грењето на јаглен и дрва. ОН во документ од јануари 2018 година наведе дека во БиХ поради загадувањето секоја година умираат 44.000 луѓе.
Во Србија пак, според Агенцијата за заштита на животната средина најзагадени се НИш И Ваљево.