Што да консумирате кога имате киселини

Дали некогаш сте почувствувале вашиот стомак да ви жари или да ви се враќа наназад храната која сте ја изеле, а сето ова било пропратено со болка во долниот дел од градите.

Таа појава ја предизвикуваат киселините кои се предизвикани од лошото варење и нездравата исхрана. Прочитајте која храна е добро да ја конзумирате кога имате киселини.

1. Банана

Бананата има природно дејство против киселините. Таа помага кај лошото варење. Најмалку една банана дневно ќе ја спречи појавата на киселини.

2. Портокали

Портокалите се богати со витамин Ц што е добро за варењето. Меѓутоа, дали сте знаеле дека портокалите исто така се добри и против киселините. Портокалите се богати со природна киселина која ја намалува количината на киселина во желудникот и телото.

3. Ѓумбир

Ѓумбирот е одличен против киселините. Тој ја намалува количината на киселини во телото. Конзумирајте ѓумбир со цел на природен начин да ја намалите болката предизвикана од киселини.

4. Зелка

Зелката е богата со влакна и е многу добра во лечењето на киселините. Природните влакна и ензимите во зелката ја намалуваат количината на киселини во телото.

5. Овесни снегулки

Овесните снегулки се богати со влакна и антиоксиданси. Вклучете една порција од овесните снегулки дневно во исхраната со цел да ги спречите проблемите со желудникот.

6. Морска храна

Рибата содржи таурин кој ја намалува количината на желудечната киселина.

7. Млеко

Млекото е добро да го пиете кога имате киселини бидејќи е богато со калциум. Исто така, во комбинација со медот, млекото го намалува воспалението на желудникот.

8. Јогурт

Јогуртот е богат со антиоксиданси и калциум што го помага процесот на варење. Една шоља јогурт во денот ќе ја спречи појавата на киселини.

Translate »