Направете вкусни ќофтиња со кашкавал

фото: Migusto.mk

СОСТОЈКИ:

  • 500 гр. мелено месо
  • 3 парчиња тост леб
  • 1 дл. млеко
  • 1 јајце
  • 1 главица кромид
  • магдонос
  • кашкавал
  • зачини

 

 

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

  1. Се сече тост лебот на ситни коцки и се потопува во млеко. Вака нека стои барем половина час.
  2. Се сече кромидот, се меша кога ќе омекне лебот со него, со меленото месо, магдонос, јајце и зачини по вкус ( сол, бибер, вегета, црвен пипер).
  3. Се остава смесата половина час, па се прават мали ќофтиња, во секое се става кашкавал на средина ( количина по избор во зависност од тоа колку сте љубител на кашкавал), и се стискаат да не тече.
  4. Се пржат на загреано масло.
  5. Супер се за со компири или друг ручек.Gotvi.mk
Translate »