Храна која хидрира и освежува: 5 лесни намирници кои се идеални за жешките летни денови
Високите температури не нѝ дозволуваат тешки оброци, па токму затоа лесното мени е идеално за летото.
Експертите истакнуваат дека токму во овој период кога топлите денови сè уште траат, потребно е дополнително да се внесува течност за да се избегне дехидратација.
Имено, често се водиме според сигналот дека сме жедни, па дури тогаш пиеме вода, но тогаш веќе настапила дехидратацијата на телото која може да биде лоша по организмот.
За да избегнете вртоглавица, мачнини и пад на притисокот во летните месеци, консумирајте ги овие намирници кои се лесни, вкусни, здрави и полни со вода.
Домат
Ликопенот, главниот антиоксиданс во доматот, има заштитно дејство врз кожата и го намалува ризикот од развој на карцином. Исто така, ликопенот ги штити мажите од појава на рак на простатата, а освен во доматот, овој антиоксиданс го содржи и лубеницата.
Краставица
Диетални, нискокалорични и богати со вода, свежите краставици се идеална летна намирница. Тие содржат дури 90 отсто вода и се богати со витамините А, Б и Ц кои го зајакнуваат имунитетот, обезбедуваат енергија и ја прават кожата здрава и сјајна. Краставиците содржат и многу влакна, калиум и магнезиум, а освен тоа го регулираат и крвниот притисок.
Грозје
Грозјето е богато со важни витамини како витаминот А, витаминот Ц, витаминот Б6 и фолна киселина. Околу 100 грама грозје содржи околу 25 отсто од дневната потребна доза на витамин Ц. Освен што црното грозје е вкусна и освежувачка намирница, неговиот сок има добро влијание врз крвните садови и кардиоваскуларното здравје. Црното грозје има антибактериски и антивирусни својства и е одлично во борбата против разните облици на карцином.
Тиквичка
Тиквичките се едно од најчесто користените летни зеленчуци бидејќи се исклучително хранливи. Тие содржат повеќе од третина од препорачаната дневна количина на витамин Ц и голема концентрација на бета каротен, а истражувањата потврдуваат дека исхраната која е богата со тиквички го намалува ризикот од канцерогени заболувања и од болести на коронарните артерии.