Фетаи: Премиерот Заев ќе биде повикан да сведочи во „Монструм“

Премиерот Зоран Заев ќе биде повикан да сведочи за случајот „Монструм“,најави обвинителката Фатиме Фетаи на денешното судско рочиште.

Ваквата најава следи откако еден од родителите на убиените момчиња побара одговори – дали сега ќе ги слушнат разговорите на таканаречените „заштитените мечки“, односно разговорите кои биле прогласени за државна тајна од редовното обвинителство.

Тогаш тој се повика и на ветувањето на премиерот Заев, дека родителите ќе дознаат чии се заштитените броеви.

 Судењето за петкратното убиство кај Смилковско езеро ќе продолжи на 5 септември, со слушање на разговори доставени од СДСМ во СЈО кои се дел од „бомбите”, а предложени од обвинителството како дополнителни докази..

 На денешното рочиште за „Монструм“ беа доставени нови докази, односно транскрипти, кои ќе бидат објавени на наредното рочиште.

Translate »