Беќаровски: Во новите ковид-случаи нема губење на чувството за мирис, се појавува црвенило на јазикот

„Повеќе ме исплаши тоа што се случи на нефрологија, во рок од 24 до 48 часа, одеднаш 24 вработени на една клиника да се заразат. Ова што се случи отвора сомнеж дека се случило многу брзо, односно кај сите одеднаш се појавиле симптоми“, изјави токсикологот Нико Беќаровски за емисијата „24 анализа“.

Според него има страв и паника во Клиничкиот центар.

„Мислев дека само МАНУ е референтна лаборторија, која може да го направи во државата. Место за паника има во смисла дека треба да очекуваме пораст на бројот на заразени. Се работи за вид со полесна трансмисија. Губитокот на мирис нема во новите случаи, но се појавува црвенило на јазикот со извесни израстини на него, барем тоа беа разликите во однос на симптомите, што ги знаевме досега“, вели Беќаровски.

Translate »