Нов пакет на мерки наменет за најсиромашните граѓани, и работниците
Мерките предвидени со петтиот пакет ќе бидат наменети за поддршка на граѓаните, работниците, стопанството и економијата , објасни премиерот Зоран Заев попладнево во Собранието одговарајќи на пратенички прашања
– Тоа значи за вода, за парно, даноци кон државата, кон станбените претпријатија, кон водостопанските претпријатија, се. Најмногу се погодени граѓаните кои дефинитивно не можеле да постигнат да ги плаќаат редовно сметките. Целта ни е не веднаш да го вратат долгот, туку на 12 рати да склучат договори, веројатно ќе го доразработиме со ратите и се, но и да ги избришеме комплетно каматите и со тоа да го олесниме, рече Заев,
Во втората фаза, додаде, сакаме да ги помогнеме таргетирано најсиромашните, односно тука ќе биде димензиониран вториот сегмент од петтиот пакет. Третиот пакет ќе биде поддршка на економијата.
Во однос на медиумите, рече дека исто така се директно погодени бидејќи плаќаат 49 милиони и 500 илјади денари годишно концесии, а треба до крајот на февруари да ги платат.
Во делот на енергетиката, Заев рече дека за прв пат има заинтересирано 10 големи компании за хидроцентралата Чебрен и Галиште.