Спектакл на Јокиќ – најбрз трипл-дабл во НБА историјата (Видео)

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ одигра неверојатно прво полувреме против екипата на Милвоки Бакс. Тој за 14 минути и 33 секунди игра успеа да забележи трипл-дабл. Никој претходно не успеал за толку кратко време да стигне до двоцифрени бројки во три статистички категории.

Јокиќ во првиот дел на теренот бил 16 минути и за тоа време збележал 16 поени, 11 скока и 12 асистенции. Претходниот рекорд за најбрз трипл-дабл бил во сопственост на Џим Такер, кој во 1955 година во дресот на Сиракјуз за 17 минути остварил трипл-дабл.

На крајот српскиот репрезентативец зад своето име во статистиката запиша 30 поени, 17 асистенции, 15 скока и 2 блокади и го забележа 11. трипл-дабл во кариерата.

 
Translate »