НАЈЧЕВСКА: СЕ ПРАВАТ КОЗМЕТИЧКИ ПРОМЕНИ, НАМЕСТО НАМАЛУВАЊЕ НА БРОЈОТ НА МИНИСТЕРСТВАТА ГЛЕДАМЕ НЕКОИ НОВИ МИНИСТЕРСКИ СТРУКТУРИ

Во гостувањето во Само Вистина на Канал 5, професорката Мирјанаа Најчевска истакна дека не е оптимист дека нешто ново ќе се добие со функционирањето на новата влада.

-Јас не сум оптимист, не верувам дека нешто многу ново ќе добиеме со функционирањето на новата влада. Она што го видов во изминатиот период начинот на кој се решаваа дел од работите за кој беше спомнато дека ќе се променат за време на изборната кампања како што е намалување на министерства посебен начин на третман на одредена материја како заштита на животната средина и слично.

Не се најдоа во она што преставуваат кадровски решенија, на пример ние имаме проблеми со животната средина со климатските промени, со воздухот, со водата, меѓутоа го имаме истиот министер кој не направи ништо кој што не казни никого, кој не успеа да одговори на барањата на граѓаните за било какви суштински промени кои би можеле во иднина да има поинаков третман.

Се прават некои козметички промени, наместо намалување на бројот на министерствата гледаме некои нови министерски структури како што е таа структура за борба со корупцијата и слично.

Борбата со корупција не се прави преку министерства, туку се прави со тоа што таа ќе биде приоритет. Тоа значи се што се прави во владата, се што се прави во собранието, секоја законска промена, секое законско решение, секоја промена во политиките е насочена кон сузбивање односно намалување на корупцијата.
Тоа шро ќе постои посебно министерство е само начин на кој што ќе се раздводнат работите, ќе се создаде илузија на борба на корупцијата, рече Најчевска.

Translate »