Трагичен крај за двете близначки кои беа изчезнати за време на пожарите во Грција
Синоќа беа пронајдени телата на близначките Софија и Василики, кои исчезнаа по огнената стихија во Мати, близу Атина. Идентификувани се и телата на нивните баба и дедо, во чии прегратки, како што јавуваат грчките медиуми, биле пронајдени 9-годишните девојчиња.
Tатко на двеte близначки до последен момент се надеваше дека ќерките се живи, веруваше дека ги видел на една снимка. Иако видеото е нејасно, бидејќи е направено навечер во Луци Рафина на еден брод, тоа за нивниот татко претставуваше последната сламка на надеж.
Полицијата тврдеше дека немаат докази да го потврдат ова.
Од вторникот, кога пожарот почна да беснее во Грција, па до денеска билансот на жртвите достигна 88 лица, од кои 63 се идентификувани. Уште десетици жители на зафатениот регион се сметаат за исчезнати, стотици се повредени, а уништени се над 6.000 имоти. 720 од нив се прогласени за непогодни за живеење.