Куче влечело човечка нога во Скопје

Во полициската станица Чаир вчера околу 19:30 часот било пријавено дека на улицата „Боца Иванова“, на втората капија за влез на гробиштата „Бутел“, од страна на граѓанин било забележно како куче скитник влечело дел од човечко тело (нога).

Како што соопшти МВР, полициски службеници излегле на местото на настанот, а увидна екипа од СВР-Скопје извршила увид.

По наредба на јавен обвинител пронајдениот дел од човечкото тело било предадено во Институтот за судска медицина за натамошно вештачење.

Translate »