Наставничка доби отказ поради своите фотографии: Не е фер, сликите се уметнички!
26 годишната Викториа Попова , наставничка по историја од Омск (Русија), не очекувала дека ќе добие отказ поради своето хоби. Вели дека со модната агенција потпишала договор само за да си ја крене самодовербата. Не очекувала дека нејзините фотографии ќе се појават на интернет.
На спорните слики, таа позира во костими за капење за полнички дами, во американски ” пин ап”стил од 50-тите. Откако сликите станале вирални, родителите на нејзините ученици реагирале до раководството на училиштето и таа веднаш била отпуштена. Реагираа дури и градските власти. “Наставничката Викториа Попова е срам за учителската професија” , стои во соопштението на градоначалникоот на Омск.
Од модната агенција жалат поради случајот, но не сфаќаат зошто наставничката е отпуштена. ” Фотографиите не се вулгарни и не се со сексуална конотација. Се работи за најобично рекламирање на костими за капење. Доколку од училиштето инсистираат на отказното решение, ние ќе и понудиме работа на Викториа Попова како модел во нашата агенција”.
И наставничката не гледа ништо скандалозно во фотографиите. ” Не се сликав во долна облека или со подвезици. Денес сите се сликаат, по плажи и во бикини, а потоа се постираат на социјалните мрежи. Не гледам ништо страшно во моите фотографии. Мислам дека ова не е фер!”, вели наставничката.