Македонија вечерва може да обезбеди плејоф во Лигата на нации

Фудбалската репрезентација на Македонија, во рамките на петтото коло во Групата 4 во Лигата на нациите, вечерва ќе гостува во Лихтенштајн. Македонските репрезентативци се на добар пат да го освојат првото место во групата, кое носи пласман во Ц-дивизијата во Лигата на нациите и место во плејофот во ова натпреварување.

Избраниците на Игор Ангеловски ја предводат табелата во Групата 4, по четири натпревари, имаат девет бода, три повеќе од Ерменија и Гибралтар, а вечерaшниот противник има три бода.

Покрај натпреварот Лихтенштајн-Македонија, вечерва се игра и мечот Гибралтар-Ерменија. Во зависност од резултатите, Македонија уште вечерва може да го обезбеди првото место на табелата. Минатиот месец во Скопје, Македонија го победи Лихтенштајн со 4-1.

Против оваа репрезентација македонската репрезентација ја има забележано најголемата победа во историјата на 9 ноември 1996 токму во Вадуз Македонија победила со 11:1.

За да се случи тоа, „црвено-жолтите“ ќе треба да победат во Лихтенштајн, а натпреварот во Гибралтар да заврши без победник.

Селекторот Ангеловски екипата за натпреварот во Вадуз ќе ја составува без неколкумина стандардни фудбалери. Поради жолти картони, овој меч ќе го пропуштат Елиф Елмас и Езџан Алиоски, а Стефан Ристовски и Дарко Велковски се повредени.

Натпреварот во Вадуз ќе почне во 20.45 часот, а во истиот термин ќе почне и дуелот во Гибралтар.

Барди со најдобра реализација на слободните удари во цела Европа

Со какви навивачи си имаат работа Иле и Алекс во Палермо

Translate »