Барди со најдобра реализација на слободните удари во цела Европа

Македонскиот специјалист за слободни удари, Енис Барди, ја предводи листата на фудбалери од цела Европа со 24% реализација на своите обиди од прекин.

Зад себе тој ги остави Антоан Гризман и Пауло Дибала, а покрај нив во првите десет место најдоа уште и Кутињо, Платенхарт, Фекир, Пјаниќ, Вивијани, Нејмар и Верди.

Најефикасен од сите е Лионел Меси, но неговите 13 гола пристигнаа по 138 обиди од слободен удар.

Листа на 10 најуспешни фудбалери од слободен удар:

10. Симоне Верди (11%) – Наполи
Удари: 44
Голови: 5

9. Нејмар (11%) – ПСЖ
Удари: 44
Голови: 5

8. Федерико Вивијани (13%) – СПАЛ
Удари: 38
Голови: 5

7. Миралем Пјаниќ (14%) – Јувентус
Удари: 59
Голови: 8

6. Набил Фекир (14%) – Лион
Удари: 36
Голови: 5

5. Марвин Платенхарт (14%) – Херта
Удари: 35
Голови: 5

4. Филипе Кутињо (19%) – Барселона
Удари: 26
Голови: 5

3. Пауло Дибала (20%) – Јувентус
Удари: 40
Голови: 8

2. Антоан Гризман (22%) – Атлетико Мадрид
Удари: 23
Голови: 5

1. Енис Барди (24%) – Леванте
Удари: 25
Голови: 6

Translate »