Американците можат само да го мразат рускиот “Su-57”: Ловецот на Путин има специјален радар кој невидливите авиони на САД ги прави лесна мета, но тоа не е сè
Микробрановиот фотонски радар, со кој е опремен рускиот ловец од петтата генерација “Su-57”, целосно ја обесмислува американската стелт-технологија.
Специјализираниот кинески сајт mil.news.sina дури и проценува дека американските попречувачи на радари и системи за врска ги претвора во “ѓубре”. Специфичноста на тој тип на радар е во тоа што е компактен, лесен и има голем дострел.
Во состојба е да ја “фати” силуетата на секој авион. Има резолуција која е неколку пати подобра од таа на класичните радари. Фотоните ги игнорираат електронските пречки кои ги емитува противникот и не ги чувствуваат ни моќните попречувачи со кои располага САД.
Станува збор за нов тип на радар кој е приближно два пати помал од постоечките, што е негова “сериозна предност”.
Тие радари може да се прават и во форма на тенка “фолија” која може да се постави и на крилото на авионот, со што самиот авион станува значително полесен и му се подобруваат летечките способности.
Кинескиот сајт посебно нагласува дека американските славни стелт-авиони, кои Пентагон ги рекламира како невидливи, ја губат својата моќ и стануваат неупотребливи, бидејќи таа технологија е целосно бесмислена пред фотонските радари.
Mil.news.sina наведува дека Русија своите “Su-57” може да ги користи истовремено во пар со беспилотните летала “Ohotnik”. Британското издание “Jane’s 360” објавило дека Москва е подготвена на Пекинг да му понуди извозна верзија од “Su-57”.