ВИДЕО: Барди ја искина мрежата на Рајо и го прекина постот во Примера
Македонскиот фудбалер и член на Леванте, Енис Барди, го постигна четвртиот погодок во победата на домашен терен против Рајо Ваљекано со 4-1.
23-годишниот играч за врска конечно стави крај на црната серија без гол во дресот на шпанскиот прволигаш која траеше од октомври минатата година. Тогаш тој ја затресе мрежата на Хетафе за конечни 0-1 и три бода за својата екипа.
Нашиот интернационалец избегна офсајд позиција и со силен удар ја запечати судбината на гостите.
Со денешните три бода Леванте е многу блиску до опстанок во лигата.