Федерер откри кои две работи се неопходни за да се стигне до врвот

Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер во интервју за „GQ“, откри што е потребно за да се стане врвен професионален играч.

Роџер Федерер во кариерата освои 103 титули, 20 од нив се титули на Грен слем турнирите.

„Обично имаш неколку тренери во текот на животот и кариерата. Ти треба некој кој те тренира како бебе и те мотивира да дадеш се од себе на теренот. Потоа ви треба еден што ќе може да излезе на крај со вашата младост, кој добро ве познава, кој ги знае вашите доблести и слабости. Оној што продолжува да ве предизвикува. Треба да се опкружите со луѓе што ви се допаѓаат. На крајот на краиштата, многу патувате со нив во текот на кариерата, честопати сте само со вашиот тим. Уморни сте, ви недостига домот, а можеби се мачите и со повреда. Ви треба поддршка“, рече Федерер и продолжи.

„Не треба да се плашите да играте на најголемите терени. Мора да можете да замислите дека ќе играте таму повторно и повторно. Додека тоа не стане реалност. Мислам дека губиме многу талентирани играчи на овој пат кон врвот“, додаде Федерер.

Translate »