Недопрената природа на Плачковица и Бел Камен идеални за љубителите на планински туризам

Во последните неколку години се чини дека стандардот на сместувачките капацитети и развојот на локалниот туризам почнува да добива свој облик и луѓето, домашните и странските туристи, се охрабруваат се’ почесто Македонија да биде нивната посакувана дестинација за патување.

Планинарење, возење велосипед по планински патеки или едноставно релаксирачки одмор.

Па така сите  оние кои истовремено го негуваат авантуристичкиот дух, но истовремeно не сакаат да се откажат од комфорот, патувањето низ Македонија повеќе не е проблем, туку станува полесно достапна и возбудлива дестинација.

Од едно патување човек сè што може да посака е да посети место на кое дотогаш никогаш не бил, или пак доколку бил , уште еднаш да го погледне со поинакви очи од еден поинаков ракурс и да ја запознае одблизу историјата и културата на таа земја преку архитектурата, уметноста, природата и се разбира, домашната гастрономија.

Овој пат нашиот интерес застана на панината Плачковица и х. Бел Камен. Овој дел во источниот дел на Македонија изобилува со природни убавини кои вреди да се посетат. Плачковица и х. Бел Камен се идеална дестинација за вашата викенд авантура и за кратка туристичка посета на која подобро ќе го запознаете овој крај од татковината.

Mожете да уживате во недопрената природа, маркираните патеки за планинарење и планински велосипедизам, но и автентичните локални специјалитети подготвени во хотелскиот комплекс Бел Камен.

За сите оние кои сакаат да уживаат х. Бел камен нуди гостопримство и лепеза на гастрономски специјалитети инспирирани од локалното национално богатство на македонската кујна, со посебен акцент на користење на производи од органско потекло. Содржи и прекрасен СПА центар со џакузи, парна бања, финска сауна, надворешен базен, како и спортски терени за кошарка, фудбал и голф, како и обележани патеки низ планината Плачковица.

Обиколен со богата густа букова и борова шума на надморска висина од 1400 м. хотелскиот комплекс БЕЛ КАМЕН  е идеален за вистински одмор и рекреација, бидејки се наоѓа во предел кој изобилува со природни убавини како што се високи карпи, длабока шума, флора и фауна кои можат да се сретнат само во оваа околина. Притоа, поради густите планински шуми и високата концентрација на кислород, многу посетители доаѓаат не само „да ги наполнат батериите“ туку и за рехабилитација.

Хотелот „Бел камен“ ве очекува да ја реализирате вашата совршена планинска авантура! Информации и резервации на 076/247-670 & info@hotelbelkamen.com.mk

Translate »