Како изгледа еден идеален тимбилдинг?
Дури и оние кои не се дел од корпоративните кругови се свесни за постоењето на тимбилдинг активности и нивната важност за вработените, компанијата и тимската работа. За време на овие собири колегите имаат можност да поминат повеќе време заедно, надвор од работната средина и неоптоварени од обврски. Но, дали сме сигурни дека начинот на кој ги одржуваме овие активности е правилен и соодветен?
Ако добро се размисли и се вложи труд во нивната изведба, тимбилдинг активностите можат да бидат омилениот дел од годината на вработените и да имаат повисока цел отколку едноставно „дружење надвор од работната околина“.
Основната цел на тимбилдинг активностите секогаш е да се собере работната група со цел заедничко дружење. Ваквиот собир, во самата негова суштина, треба да им овозможи на колегите да поминат малку време заедно и подобро да се запознаат во средина која не ги вклучува нивните работни обврски. Ама со организирано и мудро планирање, тимбилдинг активностите можат да вродат со уште повеќе придобивки и да резултираат во посилен тим и помоќна работна заедница.
Одбирањето на типот на тимбилдинг е првиот чекор, по кој ќе знаете каков тип на активности ќе го придружува денот (или периодот) посветен на вработените. Ако сметате дека на тимот му е потребен некаков предизвик со цел да научи да работи заедно, тогаш одберете активности/и и предизвици што бараат тимска работа со цел да се комплетираат. Активностите не мора да се тешки и истоштувачки, може дури да бидат и обична игра која едноставно ќе ги натера вработените да играат во тимови. Добар пример се групните игри како „лов на богатство“, тривиа квизови, Escape Room сесии и игри на асоцијации, во кои групата мора да работи заедно за да го надмине предизвикот кој е поставен пред нив. Ова може да биде одлична пракса за професионалните активности и да го зближи тимот на едно ново ниво, без притоа вработените да го чувствуваат притисокот од потенцијален неуспех, сметаат од компанијата Balkan Prime Tours, која покрај домашно има и интернационално искуство во организација на тим билдинзи.
Компетитивните типови на активности како мини-спортовите и друштвените игри поделени во екипи, пак, можат да имаат различна корист за тимот и поединците во него. Тие го будат натпреварувачкиот дух и даваат екстра мотивација за совладување на некаков предизвик побрзо и поефективно од другиот тим, со што учесниците се зближуваат и работат за иста цел, а наградата на крајот од предизвикот е признанието како „победник“ пред колегите. Ваквата пријателска конкуренција е всушност добра, бидејќи членовите на тимот учат како да се притиснат себеси кон остварување на подобар резултат, но без да се доживуваат како противници.
За да се задржи неофицијалниот карактер на тимбилдинг активностите, најдобро е тие да бидат реализирани некаде надвор од работните простори, за да се оттргне чувството дека ова е „уште една работна активност“ и да се создаде поопуштена атмосфера меѓу присутните. Локацијата, исто така, треба да зависи од типот на активност, но и од карактерот на групата која ќе присуствува и од нивните потреби.
Според Влатко Сулев од Balkan Prime Tours најдобрите корпоративни тимбилдинг активности се дизајнирани да се одвиваат како пауза од работата и да обезбедат можности за дружење со членовите на тимот. Според него луѓето преферираат автентични доживувања, искреност и оригиналност. Сакаат обични работи, лични доживувања, уникатно Тим Билдинг искуство. Тоа не секогаш е поврзано со скапи хотели или ресторани, со преголеми трошоци, туку е повеќе работа на инспирација и креативност. Едноставните работи допираат до срцето на луѓето.
И нема ништо подобро од овозможување на професионалци да ги организираат тим билдинг активностите, бидејчи во тој случај загарантирани се крајните цели: подобра синергија, унапредена комуникација, мотивираност и секако задржување на вработените.