5 неверојатни факти за Александар Македонски
Можеби најголемиот воен гениј на античкиот свет, воинот-крал Александар III Македонски (356-323 п.н.е.) ги освоил териториите кои се протегаат од Грција до Египет и преку денешна Турција, Иран и Пакистан, со комбинирање на успеси на бојното поле и со стратегија за градење на царството, Александар го минал 13-годишно владеење со работа за да се обединат Истокот и Западот преку воена сила и културна размена. Угледот на Александар се зголемил толку брзо така да до времето на неговата смрт на возраст од 32, тој се сметал дека има божји особини. Не е секогаш можно да се одделат фактот и фикцијата од приказните за Александар во текот на вековите, но тука се и осум големи делови од животот на Александар.
1. Тој водеше дијалози со Аристотел, но имаше дијалози и со други познати филозофи.
Таткото на Александар, Филип Втори Македонски, го најмил Аристотел, еден од најголемите филозофи во историјата ,,да го едуцира 13-годишниот принц. Малку е познато за трите години на Александровото туторство, но се претпоставува дека до крајот тој потонал во Аристотеловата мудрост за пристапот кон светот. Според легендата, додека сеуште бил принц, Александар во Грција го барал познатиот Циник Диоген, кој ги отфрлил социјалните разлики и спиел во големо буре. Александар му пришол на мислителот, барајќи од Диоген дали има нешто што можел со неговото големо богатство да стори за него. “Да”, му одговорил Диоген, “тргни се настрана; Вие ми го скривте моето сонце. “Александар воодушевен од одбивањето на Диоген и дека не е импресиониран“, ќе изјави “Ако не бев Александар, јас ќе бев Диоген”.
Неколку години подоцна, во Индија, Александар паузирал со неговите воени освојувања за да има долги разговори со гимнософистите “голи филозофи” од Хинду или Џаин религијата.
2. Во 15 години на освојувањето, Александар никогаш не изгубил битка.
Александровите воени тактики и стратегии денес сеуште се изучуваат во воените академии. Од неговата прва победа на возраст од 18 години, Александар се стекнал со репутација дека ги водел неговите луѓе да се борат со импресивна брзина, овозможувајќи им притоа на помалите сили да стигнат и да ги прекинат непријателските линии пред неговите непријатели да бидат подготвени. По обезбедување на неговото царство во Грција, во 334 г.пр.н.е. Александар преминал во Азија (денешна Турција), каде што победил во една серија на борби со Персијците под Дариј III. Централен дел на Александровата боречката сила биле 15.000 припадници на Македонската фаланга, чии единици со 7 метарското долго копје наречено сариса, не му дозволувале на Песијците да ги користат мечовите.
3. Тој именуваше повеќе од 70 градови по себе, и еден по неговиот коњ.
Александар го одбележувал своите освојувања со основање на десетици градови (обично изградени околу претходните воени тврдини), кои тој секогаш ги именувал Александрија. Најславниот од овие, основан на устието на реката Нил во 331 г. п.н.е., денес е вториот по големина град во Египет. Други Александрии тој ги трасирал по патот на напредокот на неговата армија преку денешна Турција, Иран, Авганистан, Таџикистан и Пакистан. Во близина на местото на битката на реката Хидасп – најскапата победа во неговата Индиска кампања. Александар го основал градот Букефала, именуван по неговиот омилен коњ, кој бил смртно ранет во битката.
4. Кога Александар се сретна со својата идна сопруга Роксана, тоа беше љубов на прв поглед
По спектакуларно освојување во 327 г. пр.н.е.. на Согдијанската Стена, навидум неосвоива планинска тврдина, 28-годишниот Александар ги надледувал своите робови кога Роксана, младата ќерка на Бактрианскиот благородник, ја забележал. Набргу потоа, во традиционалната свадбена церемонија, кралот пресекол со својот меч леб на две парчиња и го поделил со својата невеста. Неколку месеци по смртта на Александар, Роксана го родила единствениот син на двојката, Александар IV.
5. Александар дури и мирисаше одлично.
Плутарховиот “Животот на благородните Грци и Римјани”, напишан 400 години по смртта на Александар, известува дека “многу прифатлив мирис” зрачел од кожата на Александар, и дека “неговиот здив и целото тело биле толку мирисни како парфемот од облеката која тој ја носел. “Мирисните детали биле дел од една традиција, која почнала во текот на животот на Александар, пропишана за да се задоволат атрибутите на еден крал освојувач. Самиот Александар отворено се нарекувал Син на Зевс за време на посетата на Сива во 331 година п.н.е.