Бугарската новинарка била силувана и претепана

Бугарските власти го испитуваат бруталното убиство на новинарката Викторија Маринова, која работела на истражувачки стории за корупција со средства од Европската унија. Сѐ уште нема осомничени за убиството, но детали за случајот кој ја вознемири Бугарија и регионот почнаа да се изнесуваат во јавноста. Ова е четврт новинар кој беше убиен во Европа годинава.

Телото на 30-годишната Викторија Маринова беше пронајдено во саботата во близина на пешачка патека во градот Русе. Првичните анализи покажале дека причина за смртта е удар на главата и задушување.

 

 

Бугарскиот министер за внатрешни работи Младен Младенов, го опиша убиството како ,,исклучително брутално” и рече дека Маринова била силувана пред да биде убиена. Тој рече дека главните инспектори за убиство на земјата биле испратени во Русе за да работат на случајот.

OSCE media freedom@OSCE_RFoM

Shocked by horrific murder of investigative journalist Victoria Marinova in . Urgently call for a full and thorough investigation. Those responsible must be held to account.  

Регионалниот обвинител на Русе, Георги Георгиев, изјави за државните медиуми дека не го пронашле нејзиниот мобилен телефон, клучевите за автомобили, очилата и дел од нејзината облека.

Според медиумите, бугарска истражувачка новинарка Викторија Маринова толку брутално била претепана и удирана по лицето што не можела да биде идентификувана. Нејзиното полуголо тело беше пронајдено во оддалечена област долж реката Дунав во Русе, но потребни биле неколку часа за да биде идентификувана.

EFJ@EFJEUROPE

Investigative journalist Victoria Marinova brutally murdered last night in Bulgaria. Her latest article covered state corruption. She was 30

,,Има доволно собрано ДНК материјал на местото на убиството во Русе каде жестоко беше убиена триесетгодишната Викторија Маринова, административен директор на ТВН во Русе и извршителот ќе биде откриен, изјави бугарскиот премиер Бојко Борисов.

„Од начинот по кој се работи и многу собран ДНК материјал – прашање на време е кога ќе се реши случајот, рече Борисов.

Tелото на новинарката е откриено на кејот на реката Дунав на тешко достапно место. Претпоставките се дека била нападната дoдека трчала на кејот. Во 10.30 пиела кафе со колегите, а во 14.18 е извршено убиството.

Не е јасно дали убиството на Маринова е поврзано со нејзината новинарска работа. Властите работат на идентификување на сведоци и потенцијални мотиви за нејзиното убиство.

epa07077515 An undated handout photo made available by TVN on 07 October 2018 shows late 30-year-old’s journalist Viktoria Marinova at a local television station, TVN in the town of Ruse, Bulgaria. The body of Viktoria Marinova was found in a park in the northern city of Ruse, near the River Danube on 06 October 2018. . EPA-EFE/TVN RUSE / HANDOUT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Во извештаите на бугарските медиуми се вели дека изминатата година Маринова известувала за истрага за наводната корупција со средства од Европската унија за телевизијата ТВН. Таа исто така работела на теми фокусирани на социјални прашања и билавклучена во хуманитарна работа.

,,Со огромна болка и непремостлива тага екипата на ТВН телевизија се соочува со загубата на нашата сакана колешка, Викторија Маринова”, се вели во соопштението на ТВН.

Комитетот за заштита на новинарите ги повика бугарските власти да спроведат ,,ригорозна, темелна истрага” во убиството.

,,Комитетот е шокиран од варварското убиство на новинарот Викторија Маринова”, рече претставникот на Комитетот во Европската унија во Брисел,Том Гибсон. Според него, бугарските власти мора да ги искористат сите напори и ресурси за да извршат исцрпна истрага и да ги изнесат одговорните пред лицето на правдата”.

Бугарските медиуми известуваат дека нејзината последна емисија емитувана на 30 септември ,,Детектор“, била посветена на тоа прашање, а гости и биле колегите, бугарскиот новинар Димитар Стојанов од веб-страницата Бивол и романскиот новинар Атила Биро, член на проектот РИСЕ за истражувачко новинарство во Романија.

Харлем Дезир, претставник за слобода на медиумите за Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), го осуди убиството на Твитер, велејќи дека внимателно ќе ја следи истрагата.

Бугарија е рангирана на 111 од 180 земји во индексот на слободата на печатот на ,,Новинари без граници”. Маринова е четвртиот новинар кој е убиен во Европа во последните 14 месеци.

Ким Вол, шведска новинарка, беше обезглавена и убиена во август 2017 година за време на интервјуто во подморницата на пронаоѓачот Петер Мадсен во Копенхаген. Мадсен беше осуден за убиството на доживотна казна.

Во октомври 2017 година, малтешкиот новинар Дафне Каруана Галиција беше убиена во автомобил-бомба во близина на нејзиниот дом. Неколку луѓе се судат за детонирање на бомбата, но никој не е уапсен за организирање на нејзиното убиство.

Во февруари 2018 година, словачкиот новинар Јан Куцијак беше застрелан во неговиот дом. Во моментов обвинети се три лица за убиството.

Translate »