ВИДЕО-Насилни протести во Бристол: Шестмина полицајци повредени
Полицијата и демонстрантите се судрија за време на протестите против новиот Закон за полицијата, за кој се расправа во британскиот Парламент.
Илјадници демонстранти излегоа на улиците за да изразат незадоволство од предложениот предлог-закон, кршејќи ја забраната за масовни собири. Предлог-законот предизвика критики од активистите кои го осудија зголемувањето на полициските овластувања и нападот врз граѓанските права.
Полицијата наведува дека протестите почнале мирно, но дек аподоцна помала група од собраните предизвикале насилства, пренесе Ројтерс.
Најмалку шест полицајци беа повредени за време на масовните улични протести во британскиот град Бристол, објави Би-Би-Си.
Повредените полицајци се пренесени во болница, од кои едниот е до скршеница на раката, а другиот има скршени ребра.
https://twitter.com/SaveOurStatues/status/1373791451583291395/photo/1?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1373791451583291395%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.slobodenpecat.mk%2Fvideo-i-nasilni-protesti-vo-bristol-shestmina-policzajczi-povredeni%2F